Поделено мислење за цените на штипскиот пазар, ѓубривата за земјоделците поскапи за 2.000 денари

Високи температури и крај на месецот – ова според продавачите на штипскиот пазар се причините за не толку големата раздвиженост. На последниот пазарен петок од месец јуни, цените на зеленчукот и овошјето за дел од купувачите – пристапни, за друг дел повисоки од минатиот петок.

Според производителите, нешто повисоките цени се поради повисоката цена на препаратите, ѓубривата и горивата. Тоа што сега за ѓубриво треба да се плати дури 2.000 денари повеќе, мора да се одрази и врз цената на продуктите. Сепак, општо е познато дека тоа што за продавачите е исплатливо, за купувачите секогаш е скапо.

Доматите, краставиците и пиперот беа најбарани производи на пазарот, а многу се бараше и овошјето. Раздвиженост имало само во утринските часови, велеа продавачите, а потоа раздвиженоста се намалувала со растот на температурата.

Ребека Спасова М-Нет