Поддршка од Јорданов за хуманитарната акција на Александар во ТППЕ Штип

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска беше во посета на ТППЕ Штип. Од тамо тој истакна дека ја поддршжува целата акција на хуманитарецот Александар Горгиевски, за целосно реновирање на оваа установа. Истовремено, посочи дека ќе се набави ново противпожарно возило за потребите на институцијата.

„Денес сум во просториите на противпожарната единица Штип. Знаете дека на иницијатива на на нашиот сограѓани Александар овде се врши реконструкција на дел од просториите во пожарната преку донации од општествено одговорни компании, па ова е една од причините поради која денес дојдов да ги посетам просториите на ТППЕ Штип. Сакам да дадам целосна поддршка на тоа што се случува затоа што се врши промена на врати, реконструкција на тоалети и други помошни објекти во самата институција. Она што сакам да го најавам е дека Општина Штип во овој момент заедно со општествено одговорни компании дава целосна логистичка поддршка за реконструкција на овие простории“ – кажа Јорданов.

Во оваа установа хуманитарната акција за незјино реновирање започна пред два месеци. Од тогаш до денес се променети доста работи, а ккао што истакна Аце за месец дена првиот спрат ќе биде комплетно во ново светло.

„Веќе два месеци сме овде, работиме макотрпно, завршена е голема работа, првиот спрат од ТППЕ Штип за месец дена ќе биде 100% обновен“ – додаде Горгиевски.

За два месеци ТППЕ Штип доби нови врати и прозори, реновирани тоалети, нови подови, како и мал милиони други детали кои и недостасуваа. Со ова се очекува вработените во ТППЕ Штип да работат во простории какви што заслужуваат и какви што доликува.

Лаура Стојанова М-Нет