Сто амбулантски прегледи за едно деноноќие регистирани во штиспката болница

Бројот на амбулантски прегледи во штипската болница достигна троцифрена бројка. Имено, според извештајот од болницата во последните 24 часа прегледани се 100 пациенти. Меѓутоа, на болничко лекување поради ковид 19 се оставени само шест, а ова деноноќие дома си заминале дури 11. Со оваа статистика бројот на хоспитализирани ковид пациенти на Инфективното одделение при Клиничка болница Штип е 51, од кои 35 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се само шест пациенти. Нема починати лица, но слободни се девет кревети за ковид пациентите, информираше портпаролот наКлиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Во кочанската Општа Болница на Интернто одделение кое работеше како ковид оддел, нема хоспитализирано ковид пациенти и покрај тоа што бројот на активни случаи е 200, информираат од болницата.

Во општините од Истокот бројката на активни ковид случаи е 849, со што три општини се со троцифрена бројка активни корона пациенти, а останатите со двоцифрена бројка. Штип како лидер по активни ковид случаи надмина 300, во Кочани активни се 200 во Делчево 113. За разлика од претходно кога во општините Македонска Каменица и Пехчево имаше по пет до сеум активни ковид случаи, сега има 32 односно 23 корона пациенти.

Според информации од Минситерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.727.856 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104.

Лаура Стојанова М-Нет