Под контрола ситуацијата со поплавите во Чешиново – Облешево, граѓаните да пријавуваат штети

Ставена под контрола состојбата со полавите во Општина Чешиново – Облешево. Утринава заседаваше кризниот штаб со цел да се договорат идни чекори и мерки кои треба да се преземат со цел да им се помогне на граѓаните. Општината заеднички со Црвен крст ќе носи вода за пиење до домаќинсвата.

„Утрово заседаваше кризниот штаб, ги повикавме сите надлежни институции и дадовме насоки на кој начин ќе продолжиме да постапуваме во врска со поплавите кои ја зафатија територијата на нашата општина. Во моменотот ќе направиме акција за доставување на вода за пиење“ – вели Костадинов.

Во меѓувреме ќе се пристапи со тешка механизација кон расчистување на коритото на Кочанска река, со што се очекува поплавите да бидат минато. Ќе се чистат и каналите за наводнување, а ќе се врши и дезинфекција во училиштата.

„Зато го информиравме кризниот штаб за точно да ги лоцираме потребните точки кои ја прават целокупната штета Со соодветна мехнизација ќе се пристапи на терен кон чистење на т.н. бугарски канал и ќе биде исчистен во најбрз можен рок“ – додава Костадинов.

Инаку, од утринава граѓани пријавуваат штети од поплавите, а потоа комисија ќе оди на терен да ја види фактичката состојба. За само еден час пристигнати се десетина пријави на штети. Од обилните врнежи од дожд изминатата недела беа погодени неколку населени места во Општина Чешиново Облешево, граѓаните се соочуваат со поплавени дворови, ниви, земјоделски посеви и слично.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет