
Цените на штипскиот пазар ова лето речиси и да немаа стабилизација. Цената на доматот, на пример, постојано се движи нагоре – надолу, па купувачите секој петок купуваа летни производи по цена која претходно не беше типична за овој период. Така беше и денеска – високи цени, ама нешто мора да се купи. Штипјани почнаа да купуваат и производи за зимница, ама и таму ситуацијата не е нешто подобра.
Продавачите на штипскиот пазар потврдуваат оти цените се повисоки. Производите овој петок се продаваа поскапо од претходниот, а на тоа влијаат сите покачени трошоци. Посочуваат дека луѓето реагираат, ама веќе се навикнуваат на новите цени.
И продавачите потврдуваат дека за зимница ќе биде тешко. Слабо е и со производство, но на тоа што го има цените ќе бидат повисоки.
Граѓаните не паметат кога во летните месеци од годината овошјето и зеленчукот се продавале по толку високи цени. Иако е крај на август, цените на т.н. летни производи никако да паднат.
Ребека Спасова М-Нет