
Пуштено во употреба новото повеќенаменско игрлаиште во штипската населба Балканска. Општината со нешто помалку од три милиони денари постави нова тартан подлога, спортски реквизити, целосно го уреди и осветли ова игралиште. Истото е по барање на жителите од овој дел на градот и задоволување на нивните потреби.
„Овде веќе во функција се овозможува повеќенаменско игралиште за мал фудбал за кошарка. Поставена е тартан подлога, нови голови и кошеви, целосно оградено и осветлено. Нешто помалку од три милиони денари се потрошија за се ова да изгледа вака.“ – вели Јорданов.
Освен повеќенаменското игралиште, предвидено е во наредниот период да се изгради нов парк целосно уреден и опремен, а овој месец ќе започне и реконструкцијата на неколку краци и улици во овој дел од градот.
„Идните планови за овде се да се направи во рамки на овој дел еден прекрасен парк со поставување на канделабри, урбана опрема. Паралелно со изградбата на паркот во наредните денови ќе се прави детско катче со детски реквизити во населбата Горна Балакнаска“ – додава Јорданов.
Задоволни од направеното се и жителите, велат дека конечно по долго време добија игралиште кое ќе им служи ним и на идните генерации.
„Јас овде го поминав моето детство и просторот беше во лоша состојба. Среќни сме што конечносе направи и ова игралиште“ – велат жителите.
Јорданов посочи дека во периодот кој следи ќе се работи и ќе се вложува со цел населбата Балакнаска да добие поинаков, современ и модерен лик со што ќе бидат задоволнени и потребите на граѓаните.
Лаура Стојанова М-нет