Двајца штипјани ги заклучиле децата во кола додека се коцкале во казино

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Р.(42) и Е.Р.(27), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 27.04.2024, пријавените додека биле во казино, подолг период ги оставиле своите малолетни деца заклучени во патничко возило на паркинг простор.