
Повеќе од 25 години во бавчата на Наум од кочанско се произведува лукот, заедно со останатите градинарски производи. Пред камерите на М-Нет телевизија раскажува дека кочанско поднебје дозволува одгледување на лук, ама проблем е работната сила и висината на трошоците. Младите, вели, не сакаат да работат на нива, а повозрасните веќе се во години и не можат да работат. Наум живее во Штип, па трошоците му се високи.
„Дозволува поднебјето производство на лук и кромид, ама нема кој да работи. Младите не сакаат да работат, а ние веќе сме накај 70 години – не можеме. Јас живеам овде, ама работам во село. Цените за трошоците се да не правиме муабет до небото горе, а производството евтино. Јас произведувам лук 25 години, сигурно. Потребно е работа навреме да се засади, да се навади“ – вели Наумов.
Овој период е идеален за да се засади лукот, вели Наумов, а и цената моментално е реална. 200 денари за килограм лук или 10 денари од парче е реално, ама далеку од исплатливо. Вели дека освен лукот неисплатлива и многу потешка е ситуацијата со одгледување и продажба на ориз.
„Ова е пролетен лук има и есенски. Овој лук сега се сади, а се вади во месец август. Цената на почетокот е средна, кромидот се троши по 80 денари за килограм, 200 денари е цената на лукот. Оваа цена на лукот е реална, ама не е исплатливо да се работи“ – додава Наумов.
Лукот е употребуван како лек во многу култури во текот на илјадници години. Се смета дека лукот помага при срцеви заболувања високо ниво холестерол во крвта висок крвен притисок и рак.
Лаура Стојанова М-Нет