
Второлигашот Вардарски од Богданци денес во Пирава со 0:6 славеше на пријателски меч против третолигашот Ударник.
За тимот на Вардарски ова е голема победа пред почетокот на пролетната полусезона следната сабота каде Вардарски ќе води тешка борба за опстанок.
Борец преку пресврт славеше на пријателски меч против Каменица Саса. „Рударите“ преку Димовска на полуреме имаа 0:1. Во вториот дел Османи со два гола сврте на 2:1, а пак Хајдари ги постави конечните 3:1.
Осогово денес со 0:3 славеше над третолигашто БВК Коњаре на пријателски меч, „жетварите“ од Кочани одиграа одличен натпревар, а сега од сабота ќе треба да победуваат и во Втората лига, ако сакаат опстанок.
Александар Ванев, М-Нет