
Победа од денес ги започнува подготовките за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига.
Точно напладне на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е закажан првиот собир на Управниот одбор, стручниот штаб и фудбалерите.
На местото на Бобан Бабунски, кој седна на тренерското столче во Пелистер доаѓа Благојче Дамевски, за што веќе објави телевизија М Нет.
Денес ќе биде познат и планот за подготовките на прилепчани, каде ќе биде одработена главната фаза, како и пријателските натпревари преку кои ќе се темпира формата.
Победа ја очекува тешка борба за опстанок во Прва лига, откако презими на деветото место со 13 бодови.