Побарувачката на пазарот во Штип задоволителна, но за купувачите цените високи

Дождот во Штип не ги остави пордавачите на пазарот без побарувачка. Велат и покрај лошите времски услови, сепак граѓаните кои имаат потреба излегуваат и си купуваат. За дел одд продавачите кои продаваат карфиол и производи за туршија побарувачката е задоволителна. Од друга страна оние кои продаваат производи за ајвар велат дека побарувачката полека опаѓа. Цените се идентични како и претохдниот петок.

„Денеска има добра побарувачка, вчера беше катастрофа. Цените се речиси слични како пртеходниот пазар.“

„Побарувачката денеска е малку послаба, поради дождот. Пипер ајварски нема доволно, па затоа и модриот патлиџан не се бара.“

Од друга страна купувачите и денска согласни дека цените се високи, а пазаот скап.

На денешниот пазарен ден во Штип најмногу се бараа корнишоните и карфилот, но побарувачка имаше и на сезонското овошје.

Лаура Стојанова М-Нет