
Раздвижен пазарен ден во Виница, за продавачите задоволителен, велат добра е и побарувачката на производите. Цените според нив се реални и добри за овој период од годината со оглед на фактот дека производството се намалува. Зелката и празот во фокусот на вниманието, а сѐ уште достапен за граѓаните беше и ајварскиот пипер.
„Има доста раздвиженост, има побарувачка, граѓаните земаа пензии, цените се како и секогаш, добри се.“ – велат продавачите.
За купувачите пазарот скап. И покрај тоа што е почеток на месецот и само што земале пензија велат се купува само најнеопходното за јадење. За повеќе пари нема.
„Пазарот е супер за оние кои имаат пари. Еве земавме пензија и да ја потрошиме. Купуваме само што е потребно за јадење, повеќе не можеме.“ – велат граѓаните,
И денеска на пазарот во Виница најбарани беа производите за туршија, сезонското овошје, а се купуваа и доматот и краставицата. Исто така можеше да се купи грав, ориз, мед, ракија како и тексил.
Лаура Стојанова М-Нет