По „Пастрмалијадата“, екипите на „Исар“ веднаш го исчистија Градскиот стадион

По успешно завршената манифестација „Штипска пастрмајлијада 2026“, која се одржа на Градскиот стадион во Штип, екипите на ЈП „Исар“ веднаш излегоа на терен и започнаа со темелно расчистување на просторот.
Целосно мобилизирани и со максимална посветеност, екипите работеа на отстранување на отпадот и враќање на чистотата и уредноста на просторот кој во изминатите денови беше исполнет со посетители и гости.
Од ЈП „Исар“ порачуваат дека остануваат посветени на одржувањето на јавната хигиена и обезбедувањето чиста и уредна животна средина за сите граѓани.
По завршувањето на големата штипска манифестација, Градскиот стадион повторно е уреден и подготвен за функционирање.