
Пандемијата конечно е „туширана“ од македонските борачи кои конечно изледоа на душекот во Скопје каде што се одржа Изборно првенство за Кадети и Сениори или како што некои боречки познавачи на шала велат – Ветерани. И во конкуренција на Кадети и во Сениори најуспешни беа борачите на Балканец од Штип. Во конкуренција на Кадети Балканец е прв, Бучим од Радовиш е втор а Лирија од Скопје го освои третото место. Во Сениорска конкуренција прв е Балканец, второто место го освои Лирија од Скопје а третото место изненадувачки го освои Чаир од Скопје. Од наши извори сме информирани за најдобрите Сениори по категории :

57 кг. Бесир Алили – Лирија
61 кг. Иван Јанев – Бучим
64 кг. Елмедин Сејфулаху – Лирија
70 кг. Фати Вејсели – Лирија
74 кг. Серхан Шаќиров – Балканец
79 кг. Бехар Мамути – Чаир
84 кг. Дејан Митров – Балканец
92 кг. Реџо Ајдари – Чаир
97 кг. Рамадан Мустафовски – Чаир
125 кг. Бобан Данов – Балканец

И покрај сите напори да ги дознаеме резултатите на Кадетите на Балканец, на нашиот повик никој не одговараше со што младите борачи на Балканец ќе останат оштетени поради тоа што нивните успешни резултати не ќе може да ги дознае спортската јавност а со тоа ниту тие самите ќе можат да се израдуваат. Балканец е бренд, институција која постои веќе 60 години и не е на одмет денес во 21 век да биде достапен до спортската јавност.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk