По ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението, реагираат од СДСМ.
Ова, како што додаваат од партијата, е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството.
„Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат.
Кога е во прашање политички неистомисленик или критичар на режимот, тогаш Обвинителството е многу ревносно и ефикасно.
Ова е токму она што го спречува европскиот пат на Македонија. Европската унија бара независно судство и независно обвинителство.
Додека Мицкоски има контрола врз тоа кој ќе биде гонет, а кој ќе биде заштитен, Македонија не може да напредува кон ЕУ“.
Наместо независна институција која ја штити државата од криминал, имаме, велат од СДСМ, обвинителство кое работи по нарачка, да го штити режимот и неговите луѓе.
„Ова не е правна држава. Ова е систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот“.
Текстот По ослободителната пресуда за Груевски, слободен е и Латас, ова за СДСМ e јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството е превземен од МАКФАКС.