Планинари од Спортско планинарското друштво Пробиштип го искачија врвот Арарат од 5.137 м.н.в.

Во период од 5. до 12. август десет члена група составена од двајцата планинари Жика Милошевски и Мартин Душанов од Спортско планинарското друштво Пробиштип од Пробиштип и уште осум планинари од Србија, под водство на Зоран Павловиќ – Пача, по доста студено и ветровитно време за првпат го искачија највисокиот врв во Турција, Агри Даги Зирве или Арарат со надморска височина од 5.137 метри.

Арарат е заспан вулкански масив и највисока планина во Турција кој има два врва, мал Арарат од 3.896 метри и голем Арарат од 5.137 метри кој го искачија планинарите од Пробиштип.

Александар Ванев, М-Нет