Пијаното омилен инструмент на учениците во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип

Пијаното – еден од најинтересните инструмети за учениците во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип. Најголем дел од децата, како помалите така и повозрасните бираат да свират на пијано, вели директорот Горан Кавраков. Бројката на ученици, според него, од година во година расте, но тенденција овој број постојано да се зголемува.

„Имаме, ние сме задоволни како училиште, но упорно секојдневно работиме за да не дозволиме тој број да падне, туку се трудиме бројот да оди во нагорна линија. Буквално за пијано има најголема заинтересираност“ – вели Кавраков.

Конкретен одговор на прашањето зошто децата најмногу го избираат пијаното како инструмент нема, но претпоставки има многу. Професорите по пијано се согласни дека учениците го обожаваат овој инструмент, а дека е потребно само малку вештини и многу желба за да се свири истиот.

„Па може пијаното еве останало како еден од најпопуларните инструменти, до децата најмногу блиску. Како секој инструмент и овој инструмент да нормално дека има некакви вештини кои со тек на време мора да се откриваат. Децата го обожаваат, доаѓаат, се интересираат и ги има многу на број“ – додава Јанев.

Пред неколку дена во Штип за првпат се одбележа Светскиот пијано ден со тенденција ова да прерасне во традиција и со низа активности да се одбележува секоја година на 88. ден.

Лаура Стојанова М-Нет