
Пифтија или уште познатата пача направена по стар рецепт, од свинско месо, е традиционалното јадење за празникот Водици. Рецепт, стар кој и денес е на трпезата за Богојавлението. Старите домакинки велат дека го подготвуваат речиси цел ден, најпрво во шерпа се става глава и нозе од свињата, а повремено се дотура вода и сол.Марифетот и тајната за вуксна пача, анкетираните велат дека е во подолгото варење, се дури месото само не се одвои од коската.
Убаво подготвена, залоена и стегнат пача оди секогаш со грејана ракија, додаваат тие, па за да истата е и оваа година на трпезата, домакинките уште денес купија месо од месарите.
Инаку, Во Македонија, пачата е дел од традиционалнта трпеза и вообичаено се служи ладна, како предјадење или мезе, додека некогаш и како главно јадење. Се спрема во зимските месеци, особено за Божик и Водици, а потекнува од Турција и единствена разлика е во тоа што тие ја подготвуваат со јагнешко месо.
Лаура Стојанова, М-Нет