Пиротехника кај двајца навивачи на Тетекс на влезот на стадионот во Битола, приведени пред натпреварот со Пелистер

На 21.11.2026 во 13:30 часот за време на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Пелистер од Битола и ФК Тетекс 1953 од Тетово на градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, при вршење на преглед на влез во стадионот од страна на лица кои беа дел на навивачката група од Тетово кај С.К.(30)  и Ф.Н.(28)  пронајдени се пиротехни средства. Лицата се приведени во полициска станица Битола, а по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.