Пилешов ќе им суди на Вардар и Силекс под рефлектори, Бафто главен на Чаир каде играат Шкупи и Беса

Утре ќе се одиграат натпреварите од вонредното седмо коло на Првата македонска фудбалска лига, познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите прволигашки натпревари.

Марјан Младеновски ќе им суди на Брера и Тиквеш во Струмица, Крумислав Ѓоргиев ќе биде главен во Битола каде ќе играат Пелистер и Работнички, Фатмир Бафто ќе ја дели правдата на Чаир каде ќе се соочат Шкупи и Беса.

Стојанче Трпчевски ќе го суди „Езерското дерби“ меѓу Воска Спорт и Струга на „Билјанини Извори“, Јован Качевски ќе биде задолжен за правдата на мечот Гостивар со Шкендија, а пак Димитар Пилешков ќе им суди на Вардар и Силекс.

Сите натпревари започнат во 15 часот, освен мечот меѓу Вардар и Силекс кој ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе започне во 20 часот.

Александар Ванев, М-Нет