Петрушевски: Филипче и талогот од СДС да не бараат виновници за нивниот циркус

Додека надлежните од власта работат на сите полиња што води кон подобри услови во државата за секој еден граѓанин, во опозицијата се случува хаос, кажа денеска на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека премиерот Христијан Мицкоски деновиве има динамична агенда во САД, насочена кон привлекување нови инвестиции во Македонија, продлабочување на партнерствата со САД и НАТО и изнаоѓање начини за забрзување на процесот за членство во ЕУ.

„Во меѓувреме, во опозицијата наместо консолидирање и размислување што би им понудиле реално на граѓаните, се случува циркус. Од една страна Венко Филипче и талогот на СДС, од друга страна поранешни функционери на СДС, но и актуелни се поставуваат контра Филипче. И во сиот овој циркус, Филипче наместо да си ја гледа домашната работа, тој ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Се додека за Филипче само другите се виновни, СДС тешко дека може да се извлече од дното“, изјави пратеникот.

Петрушевски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се меша во внатрешните работи на СДСМ.

„На ВМРО-ДПМНЕ му одговара ваков СДС, а ВМРО-ДПМНЕ ниту сака, ниту има намера да се меша во нивната внатрешна работа. Единствено нешто што прави ВМРО-ДПМНЕ е спроведување проекти во интерес на граѓаните и државата“, рече Петрушевски.

Текстот (Видео) Петрушевски: Филипче и талогот од СДС да не бараат виновници за нивниот циркус е превземен од МАКФАКС.