Петрушевски пак го повика Јавното обвинителство да истражи дали Богоев требало да добие 10% од тендерот вреден 18 милиони денари

Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче и денес праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Според него, аферата со Богоев не е обична афера од 2.000 евра мито туку е трагата која носи до многу поголем криминал.

„Детето на Заев, несудениот негов наследник, Стефан Богоев заедно со Џемо од Прилеп ги искористиле своите влијанија и раководни позиции и си наместиле тендер од 18 милиони денари. Јавноста преку медиумите дозна дека Богац бил подмитен со 2.000 евра од Џемо, а ние од свиркачи дознаваме дека тоа биле првите од илјадниците што требал да ги инкасира пуленот на СДС“, рече пратеникот Петрушевски.

Го повикуваме Јавното обвинителство да истражи дали е точна информацијата дека Богоев требало да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари или во превод 1,8 милиони денари.

Петрушевски потсети дека Богоев беше поставен од СДСМ и дека Џемо е човек на истата партија, а тендерот е во државна институција па затоа никој, како што рече, не смее да глуми дека ова е личен инцидент оти се работи за партиска шема од матрицата на СДСМ.

 

Текстот (Видео) Петрушевски пак го повика Јавното обвинителство да истражи дали Богоев требало да добие 10% од тендерот вреден 18 милиони денари е превземен од МАКФАКС.