„Петровден 2023 Мешеишта“: Реми на Волино и Брумел, Вабко Сервис Џуте до триумф, службена победа за Ложани

Синоќа беа одиграни два од три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта. Првиот односно воведниот меч не беше одигран, па екипата на БЗ Група Ложани го доби мечот службено со 0:3 против Слатино.

Во вториот меч Волино и Брумел ремизираа со по еден гол играјќи 1:1. Во третиот меч Подгорка со 2:4 загуби од екипата на Вабко Сервис Џуте.

Вечерва ќе бидат одирани нови четири натпревари од групната фаза. Од 20:00 часот Арена Мислешево ќе се сооочи со Стаклара Исмајлоски
(мајсторка), од 20:45 часот Тороман Мешеишта ќе игра против Вис Пој, еден час подоцна одосно од 21:45 Тороман Мешеишта со Гостилница Кај Мече и од 22:45 часот АСП Пак со Еко Шпар.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.