
Синоќа се одиграа трите натпревари од вториот натпреварувачки ден на турнирот во мал фудбал “Петровден” во Мешеишта, спортски настан каде телевизија М Нет е медиумски покровител.
Првиот натпревар кој започна во 20:30 часот донесе возбуда и атракција кај публиката со осумте гола, каде Хотел Амбасадор со 3:5 загуби од Кафе Бар 9.
Еден час подоцна Сатеска доминантно со 4:0 лесно прокнижи три бода и триумф над екипата на Шумско Галичица.
Во последниот натпревар од втората вечер публиката гледаше израмнет меч, егал борба, атракција, неизвесност, но не и погодоци, Враништа и Св. Троица 2021 ремизираа играјќи 0:0.
Вечерва се играат нови три натпревари. Од 20:30 часот играат Др. Баткоски против Вис Пој, еден час подоцна односно од 21:30 Слатино ќе се соочи со Брумел, а вечерта ја затвараат Волино и БЗ Груп Ложани во 22:30 часот.
