“Петровден 2023” Мешеишта: БЗ Груп Враништа во полуфинале преку пенали, Вабко Сервис Џуте со сигурна победа

Познати се двата полуфиналисти од турнирот во мал фудбал “Петровден” кој се игра во Мешеишта.

Синоќа БЗ Груп Враништа и Ресторан Станица Викса Пром во регуларниот дел ремизираа играјќи 0:0, а во пенал рулетот екипата на БЗ Груп Враништа беше подобра со 4:2.

Во вториот меч екипата на Вабко Сервис Џуте стигна до полуфинале, откако славеше над Тороман Мешеишта со 2:0.

Вечерва во 21:00 играат АСП Пак со Камионски делови Босс, а во 22:00 часот ќе играат Кафе Бар 9 со Др. Баткоски.

Телевизија М Нет е медиумски покровител на овој спортски настан.