Пелистер со промени во ростерот и старт на зимските подготовки

фото: ФК Пелистер

ФК Пелистер официјално потврди дека во продолжението од сезоната нема да смета на услугите на двајца фудбалери од средниот ред – Петар Ристиќ и Ѓорѓе Белиќ. Од битолскиот клуб се заблагодарија за нивниот професионален однос и придонесот во настапите со зелено-белиот дрес, посакувајќи им успех во понатамошната кариера.

Во меѓувреме, Пелистер веќе ги започна подготовките за вториот дел од шампионатот 2025/26. Со работен состанок и прв тренинг на стадионот Петар Милошевски, шефот на стручниот штаб Милан Стојановски го означи стартот на активностите во новата година.

Подготовките се планирани во две фази. До 17 јануари екипата ќе тренира во Битола, по што следува преселба во Анталија, каде Пелистер ќе одработи двонеделен подготвителен циклус. За време на престојот во Турција договорени се три контролни натпревари, преку кои тимот ќе ја темпира формата:

20 јануари: Пелистер – Спартак Суботица

24 јануари: Пелистер – Железничар

28 јануари: Пелистер – Невбахор Наманган

Паралелно со подготовките, раководството ќе го комплетира играчкиот кадар и во наредниот период ќе ги претстави новите засилувања. Првиот официјален предизвик за Пелистер во вториот дел од сезоната е закажан за 7 февруари 2026 година, кога во Битола ќе гостува Работнички.

Со јасен план и интензивни подготовки, битолскиот клуб најавува максимално подготвен влез во продолжението од шампионатот.