
Градоначалникот Виктор Паунов и новоизбраните советници на Општина Карбинци денес ги добија уверенијата за четиригодишниот мандат 2025–2029. Со свеченото доделување, започна новото поглавје во локалното управување, а Паунов, кој ја доби довербата за вторпат, најави континуитет во развојните проекти и подобрување на квалитетот на животот во општината. Тој изрази уверување дека во наредните четири години, во соработка со Советот, ќе се реализираат нови идеи и проекти што ќе донесат видлив напредок за Карбинци и нејзините жители.
,,Се одржа и доделувањето на уверенијата, признанијата за за избрани советници и градоначалник за мандатот 2025-2029 година. Низ оваа изјава упатувам честитки прво до изборната општинска изборна комисија за успешно спроведениот изборен процес. Изборен процес низ едни демократски капацитети кои што покажаа и како комисија и од страна на граѓаните за едни успешни спроведени локални избори. Ова е втор мандат за мене како градоначалник и искрено очекувам да имаме една успешно плодна четиригодишна програма, која што ќе ја реализираме заеднички со овој состав на советници, со целиот тим кои што ќе го работиме во овие четири години. Можам да кажам дека граѓаните комотно можат да очекуваат низа на проекти, проекти кои што ќе подобрат квалитетот на живот, проекти кои што ќе придонесат едно поинакво секојдневие во Општина Карбинци и еден континуитет на работа кој што и те како навистина во изминативе четири години беше пример за една мала оптшина како Карбинци, дека можело да се работи и можело да се донесат промените.“, рече Паунов
Градоначалникот Паунов упати честитки до советниците, но и до ОИК за успешно спореведените избори во општината.
Со добиените уверенија и официјалниот почеток на новиот мандат, Општина Карбинци влегува во нов развоен циклус. Очекувањата се дека следните четири години ќе донесат реализација на најавените проекти и продолжување на позитивните промени што, како што велат од локалната власт, ќе ја направат општината уште поуспешна и поуредена.
Иван Митев, М-Нет