
Пауза за ракија ќе ја предводи новогодишната ноќ во Штип, а Блу бенд ќе ја започне забавата, и оваа година на локација Ванчо Прќе штипјани весело ќе ја пречекаат новата 2026. Градот ги финализира последните подготовки, а градоначалникот Иван Јорданов најавува богата програма, музика и вистинска празнична атмосфера. Овогодишнештното свечено осветлување на новогодишната елка ќе се одржи утре со почеток од 17 часот на градскиот плоштад, каде најмладите први ќе ја почувствуваат празничната магија. Веднаш потоа забавата продолжува на познатата Едносмерна улица, каде ќе биде отворен новогодишниот базар што ќе трае цел еден месец.
,,Привршуваат подготовките и активностите, за да конечно веќе во утрешниот ден со почеток од 17 часиот Штип новогодишно да блесне и во име на тоа ги повикувам сите дечиња да ни се приклучат во текот на утршениот ден од 17 часот на градскиот плоштад да ја запалиме новгодишната елка, а веднаш потоа забавата ќе продолжи на познатата едносмерна, каде ќе зпаочне новгодишниот базар кој што ќе таре еден месец. Верувам дека оваа година ќе биде една од најдобрите предновогодишни програми, предновогдишни бајки. Очекувам најдобро досега да биде украсен градот.“, рече Јорданов
Годинава тој најави и убав дочек на Новата 2026 година, со познати музички имиња кои ќе бидат објавени во текот на денот. Посочи дека, како и минатата година, дочекот ќе се одржи на шеталиштето Ванчо Прќе.
Инаку и оваа година очекувањата се дека ќе бидат задовони сите генерации граѓани, со што Штип не само што ќе биде еден од најубавите украсени градови во државата, туку ќе го задржи и ептитот центар на истокот.
Иван Митев, М-Нет