
Корона пандемијата не ги предомисли граѓаните да организизираат и учествуваат на семејни прослави и веселби. И покрај забраната за групирање и собирање, заради корона вирусот, најубавите семејни мигови продолжуваат да бидат овековечени на традиционалниот начин, со прослави на кои учествуваат и над 300 гости. Според истражуважањата на МВР, на подрачјето на СВР Штип од почетокот на 2021 година поднесени се 31 пријава за лица кои биле дел од семјена прослава и не се однесувале согласно мерките за време на епидемија. Од СВР Штип, додадоа дека во привите три месеци три веселби биле растурени, две во Берово и една во Кочани.
„Во почетокот на првите три месеци годинава на подрачјето на СВР Штип пријавени се три настани за веселби за време на епидемиолошки мерки. За овие настани преземени се соодветни мерки односно поднесени се кривични пријави и тоа две од страна на ОВР Берово и една од страна на ОВР Кочани. Поднесени се вкупно 30 кривични пријави за сторени 30 кривични дела по челн 206 став 1 за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и една кривична пријава против 1 правно лице исто зарди непостапување според здравствените прописи во време на епидемија“ – истакна потпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.
Во ек на пандемија, кога бројот на новоинфицирани од ковид 19 не е за потценување, мерките мора да се почитуваат. Овде воедно спаѓа и забраната за собирање и групирање, организирање прослави, свадби и веслеби на отворен или затворен простор. Од СВР Штип со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките.
За последната семејна веселба која беше организирана и растурена исто во Кочани, се очекува дополнителни информации по целосно комплетирање и документирање на случајот.
Лаура Стојанова М-Нет