
Со цел да се намали сиромаштијата, да се продаде заостанатата роба на трговците на текстил кои продаваат по пазарите во регионот, во Кочани се организираше панаѓур. Според огранизаторот преку вакви настани ќе се овозможи продажба на заостанатата роба. Цените се достапни за граѓаните, но раздвиженост нема.
„Целта на панѓурот, знаете, гледате дека сирмоаштија владее во Македноија, многу луѓе имаат заостаната роба од претходните месеци, години, со зафатот на короната и сега организираме панаѓур за да може таа роба да ја продадат луѓето, да спечалат некоја пара и да имаат за живот. Заинтересираноста кај народот е малку послаба, затоа што сиромаштијата владее и кај народот. Не е баш евтино како што мислиме ние, сите цени одат нагоре и нормално дека и овие цени не можат да бидат намалени затоа што ќе изгубат“
Од 100 до 300 денари за ташна велат продавачите кои своите тезги ги имаа поставено на панаѓурот во Кочани. Евтино е ама народ нема.
„Нема раздвиженост, а цените од 100 денари до 300 денари, не е сакпо ама нема раздвиженост, не е како друг панаѓури. Ова е направено, ама ете и времето не дава.
Во текот на вчерашниот ден временските услови дозволуваа граѓаните да го посетат панаѓурот, но не и денешните. Врнеѓите од дожд придонесоа тезгите да почнат да се собираат уште во пладневните часови. Панаѓурот е предвидено да заврши утре.
Лаура Стојанова М-Нет