
Оџаците чурат, климите бучат, грејната сезона официјално почна и во Штип. Едни со кибрит во рака, други со далечинско, ја креваат температурата во домовите. Но сите со иста мака како да преживеат уште една студена зима со жешки сметки. Цената на огревното дрво расте, струјата се чувствува како товар, а на народот му останува само да штеди и да брои колку ќе потроши.
Но, сепак оние што се греат на дрва велат поисплатливо е греењето со шпорет. Велат од една страна го затоплуваат добро домот, а од друга страна подготвуваат и ручек.
Грејната сезона донесува топлина, но и предизвици, а вистинската битка ќе ја добие оној што најмудро ќе се избори со студот и со сметките.
Иван Митев, М-Нет