Охрид го чека „пекол“ во Штип, Брегалница ја има традицијата на своја страна

Вечерва во 18 часот се игра големото дерби на 22. коло на Втора лига меѓу Брегалница и Охрид под рефлектори, кое ќе го следи во живо и на М Нет телевизија.

Влогот од дербито е голем бидејќи само првото место води кон Прва лига, а вториот и третиот играат бараж. Традицијата е на страната на Брегалница која доминира во меѓусебните дуели, а пак Охрид чека на победа 17 години.

Штип во изминатите денови се мобилизираше и се најавува полн стадион и силна поддршка, а влезот ќе биде слободен.

Дали Охрид ќе може против традицијата и „жешкиот“ терен во градот под Исарот следете во живо на М Нет телевизија од 18 часот.

Александар Ванев, М-Нет