
Второлигашот Беласица експресно назначи нов шеф на стручниот штаб, откако по поразот од Скопје во претходното коло се раздели со Васе Беќаров.
На местото на Беќаров се враќа Александар Стојанов, кој и во минатото беше шеф на стручниот штаб на Беласица.
Под водство на Стојанив во сезоната 2021/2022 Беласица беше на чекор до пласман во Првата лига, но во баражот струмичката гордост беше поразена од тогашниот прволигаш Скопје на Градскиот стадион во Штип.
Во моментот Стојанов беше координатор на младинската школа каде што со успех ја водеше низ оваа полусезона, а оваа функција паралелно ќе продолжи да ја обавува и во иднина.
Стојанов е носител и на Про Диплома.
Своето деби Стојанов ќе го има веќе утре против Арсими на гостински терен во последното есенско коло од Втората македонска фудбалска лига.
АВТОР: Александар Ванев