
Со положување свежо цвеќе во училишниот двор пред спомен бистата на светите браќа „Кирил и Методиј“, основното училиште во Кочани кое го носи неговото име почна со активности за чествување на патрониот празник. Свечена манифестација е закажана за вечерва кога и ќе се прикажат сите успеси на училиштетото во изминатата година.
„Нашето училиште приредува една скромна свеченост, одбележување на патрониот празник кое го носи името на светите браќа Кирил и Методиј. Вечерва во 19 часот се очекува да спроведеме свечена академија на која нашите ученици ќе се престваат со свои точки и ќе ги преставиме успесите на училишето постиганти во текот на изминатата година. “ – вели Кралев.
Во денешната прилика Кралев истакна дека е задоволен од бројот на запишани ученици и покрај тоа што за разлика од претходната година оваа бројка е помала. Додава дека и оваа учебна година ќе има четири паралелки во централната зграда во Кочани.
„Оваа година е забележително дека има намалување на бројот ученици на ниво на општина. Тоа можеше да се види од статистиките кои ги направи Општина Кочани. Но лично ние како училиште сме задоволни од досегашната бројка на пријавени ученици. Како и секоја година до сега имаме четири паралелки. За разлика од претходната година бројот на ученици е малку помал, паралелките ќе имаат по 22 до 23 ученици, додека минатата година бројката беше од 25 до 26 ученици“ – додава Кралев.

Свежо цвеќе положија преставници од училиштетото, децата, прставници од Локалната самоуправа, политички патрии, делегации, здруженија и пријатели.
Лаура Стојанова М-Нет