
Откупот на тутунот се очекува да почне од 15 декември, но можно е некои пунктови да се отворат и месец време порано, поточно од 17 ноември веднаш по земањето на мострите. Квалитетот на родот годинава е добар, а тутунарите бараат добра цена, која се уште не се знае. Гоце Серафимов, потпретседателот на Асоцијација на земјоделци вели дека се уште се преговара и нема потпишано нови анекси на договорите. Додека се чека конечниот договор, веќе се знае колку пунктови ќе има и каде. Два пункта ќе има во Карбинци, четири во Радање, исто толку во Лозово и еден во Виница.
,,Официјално откупот треба да почне на 15 декември, меѓутоа мострите ќе ги зимаат сега на 16 ноември од институтот, што значи дека некои од откупувачите можат да почнат со откупот наредниот ден, односно од 17 неомври. Иначе рокот е од 15 декмври. Цената уште ја договораме. Ќе видиме точно уште не утврдена. Најверојатно ќе оди прва класа како ланската година. Ние бараме да биде првата класа 490, втората 420 и третата 380, мегутоа тутунот годинава е со добар квалитет и треба да помине во прва класа. Сега се уште не се знае цената која ќе биде, затоа што нема потпишано анекс на дговори. Моментално е се уште старата цена.”, кажа Серафимов
Откупот на тутунот се очекува да трае се до 15 март според законот вели Серафимов, но вели дека претежно истиот се одвива брзо. Само ласнката година тутунот во истокот се продал за месец дена.
,,Во Карбинци ќе има два, во Радање четири. Лозово ќе има исто 4, Виница еден пункт. Откупот се очекува да трае до 15 март, мегутоа зависи, лани за месец време се откупи целиот тутун
Инаку, тутунорпозиводители од карбинско велат дека годинава имаат добар квалитет, со што очекуваат и добра цена не подолу од 500 денари.
Иван Митев, М-Нет