Отворен клубот „Македонско сонце“ во ОУ Раде Кратовче Кочани

Започна со работа клубот Македонско сонце во ОУ Раде Кратовче во Кочани. Целта на новоформираниот клуб е да се создаваат содржини на македонски јазик, да се преведуваат на литературен македонски јазик и да се прикачуваат на интернет. На тој начин се подобрува знаењето на децата како и едукацијата за македонскиот јазик.

„Нашата цел како клуб е да го преплавиме интернет со содржини на македонски јазик пред се од историјата на македонскиот јазик, од историјата на наштиот идентитет потоа и од други области кои ќе и бидат интересни на децата. Клубот ќе има двојна природа, тоа е подобра едукација на нашиот правопис, граматика, а исто така и будење на националната свест.„ – вели Симонова.

Во клубот се вклучени ученици од осмо и девето одделение од ОУ Раде Каратовче Кочани. Велат дека за нив ова е предизвик и се подготвени да се вклучат и да научат нешто повеќе.

„Во овој клуб се вклучив со цел да преведуваме и уредуваме содржини за википедија, и за да го совладаме македонскиот јазик и правопис“ – вели Филипова.

Ова е прв ваков клуб формиран во ОУ Раде Кратовче Кочани, а знаење се нуди и на сегашните и на идните генерации.

Лаура Стојанова М-Нет