
Отворен инклузивниот парк за лицата со посебни потреби во Општина Штип. Поставени се реквизити кои во наредниот период ќе може да се користат од страна на лицата со посебни потреби. На ваков начин се помага за нивен развој и инклузивност во општеството.
„Поставивме реквизити кои се специјализирани за лица со посебни потреби. Лицата може да изведуваат активности кои оддамна се заборавени кај нив, кои се важни за нивниот развој и интеграцијата во заедницата за еднакви права во заедницата“ – вели Филипов.
Задоволен од активностите на терен е и градоначалникот, Иван Јорданов. Како што посочи тој ова преставува позитивен пример за градот и општеството, како и показател дека лицата со посебни потреби не се заборавени.
„Во име на тоа сакам да се заблагодарам на сите кои помогнаа за реализација на ова инклузивно катче во нашиот град. Навитина ова е позитивен пример за сите во нашиот град, оти Штип е наш дом“ – вели Јорданов.
Благодарност упатија и од здружението за лица со посебни потреби, додавајќи дека вакви активности и поддршка треба да има и во иднина.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет