
Осум смртни случаи се регистрирани само оваа година поврзани со ХИВ Сида, до ноември бројот на новорегистрирани со ова заболување е 38 лица, бројка помала за 25,5 проценти од лани, стои во соопштението на Институтот за јавно здравје . Од регистрираните случаи 37 се од машки пол, додек еден случај е женски пол. Дури 73,7 проценти од случаите се на возраст од 20 до 39 години.
,,Во 2025 година (заклучно со 27.11.2025), пристигнати се пријави за 38 новорегистрирани лица на ХИВ/СИДА во Македонија, што претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители. Бројот на случаи во 2025 година е помал за 25,5% споредено со истиот период од 2024 година кога беше регистриран 51 случај (заклучно со 27.11.2024).
Од случаите во 2025 година, најголем дел се со место на живеење во Скопје, додека останатите случаи се регистрираат како спорадични случаи во 14 градови од Македонија. Дистрибуцијата на случаите дијагностицирани во 2025 е претставена во Табела 1. Во 2025 година, регистрирани се 8 смртни случаи поврзани со СИДА.
Во 2025 година, од регистрираните случаи, 37 се од машки пол, еден од женски пол. Просечната возраст на новите случаи е 35 години, а е во опсег од 23 до 64 година, 73,7% од случаите се на возраст од 20 до 39 години.“, велат од Институтот за јавно здравје
Од анализата на пристигнатите пријави, од тие со достапен податок, се забележува дека во однос на веројатниот ризик за стекнување на ХИВ инфекција, регистрирани се 5 лица со хетеросексуална трансмисија и 29 лица од МСМ популацијата.
Инаку, овие податоци се согласно денешниот мегународен ден за борбата против хив сида.
Иван Митев, М-Нет