
Осум дечиња со попречености од прво одделение во Штип ќе добијат стипендии од 6000 денари од страна на општината. На повикот за стипендирање кој беше неоддамна објавен пристигнале неколку пријави, а стипендирани ќе бидат учениците кои ги исполнувале условите, однонсо се класифицирани во категорија деца со попречености. Целта на проектот е да се помогне на родителите на овие деца за да може да ги набават неопходните работи неопходни за нормален раст и развој на овие дечиња.
„Општина Штип за првпат неодамна го објави повикот за стипендирање на ученици од прво одделение кои се класифицирани во категоријата деца со попречености. Веќе се прават првите исплати кои се во квартален износ од 6000 денари и стипендиите ќе важат во периодот од септември до јуни односно во ученбата 2023/24 година. На повикот пристигнаа неколку апликации и сите оние кои ги исполнија условите веќе денес ќе ја имаат првата исплата. Овој проект е со цел да се поддржат родителите на овие ученици со цел навреме да ги набавуваат суплементите кои се неопходни за нивен прав развој и раст“ – вели Шорова-Ангелова.
За овој проект општината издвои околу 500 илјади денари од сопствениот Буџет, а тенеденција е прокетот да се реализира и во наредните години, со цел помош на сите категории дечиња и нивните родители на територија на Штип.
Лаура Стојанова М-Нет