Остварена средба меѓу оризопроизводителите од кочанско и Димковски, има ли договор?

Остварена средба меѓу оризопроизводителите од кочанско и заменик министерот за земјоделство Трајан Димковски, во просториите на општинската зграда во Општина Чешиново – Облешево. На средбата се разгледаа барањата на оризарите од кочанско пред официјалното започнување на сезоната на жетва. Да има континиуиран откуп на белото злато по реални цени беа дел од заклучоците донесени на средбата.

„Денешниот состанок го завршивме да речам со три заклучоци. За формирање на една производна цена за сегашната реколта и веднаш се упатуваме до институот во Кочани за да бидеме ефективни и ефикасни во овие договорени работи кои ги имавме. Вториот е нивнот барање да ги видиме можностите бидејќи до 30 август беше пријавувањето за трите денари од минатогодишната реколта.“ – кажа Димковски.

Од средбата оризопроизводителите, но и сите земјоделци очекуваат реални цени и пристоен живот за земјоделците. Претседателот на самостојниот синдикат на земјоделци, Ставре Јанев истакна дека е оптимист и очекува решавање на проблемите.

„Оризопроизводителите очекуваат соодветен третман од страна на Владата, на министерството и од страна на откупувачите. Се бараат реални цени кои ќе ги покријат производните трошоци и кои ќе обезбедат пристоен живот на земјоделците. Не може да работите или да сработите 100 тони ориз, а да имате приход како за еден социјален случај. Моментално состојбата е таква и мислам дека ќе се најдат можности или да се надминат таквите состојби и да се обезбеди една пристојна цена за земојделците“ – додаде Јанев.

По средбата во Облешево, Димковски истакна дека Владата и министерството ќе им излезат во пресрет на барањата на оризопроизводителите со цел кочанските полиња да не останат празн, а се прават и напори оризот исто како и пченката и пченицата да стане стратешка култура.

Лаура Стојанова М-Нет