
Осветен храмот посветен на Светиот епископ Велички Гаврил Светогорец во Штип. На осветувањето началствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан, во сослужение со надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион. Истовремено на осветувањето присутсвуваа и голем врој верници.
Епископот Велички Гаврил е роден на 10 март 1926 година во Штип, од татко Методиј и мајка Гора. Потекнува од благочестиво патријахално занаетчиско семејство. Основно образование, а потоа и гимназија завршил во родниот град. се запишал на факултетот за ликовни уметности во Белград. По дипломирањето, во 1955 година, работел како професор по уметност и историја на уметноста во гимназијата и Учителската школа во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет