
Општина Карбинци и Општина Берово во групата најтранспарентни општини во државата по буџетска и даночна транспарентност. Со 83% се наоѓаат во групата со многу висок интезитет на даночна транспарентност за 2024 – 2025 година.
Во групата висок степен, со 75% се наоѓа Општина Пробиштип, а веднаш зад неа е Општина Кочани со 67% и Виница со 63%.
Од општините во Истокот Штип се наоѓа во групата транспарентни општини со среден степен со 50%, а пред неа се Македонска Каменица и Делчево со 58%, Општина Зрновци со 54%. Во оваа група се и општините Чешиново Облешево и Пехчево со 50%.
Бројот на општини со максимален број на индексни поени за буџетска транспарентност е намален споредено со претходниот период, и тоа од 12 на 10 во тековниот период. За тековниот период со максимални поени за буџетска транспарентност од општините во Истокот се Делчево и Зрновци. Во групата на високо транспарентни општини (со индексни поени 15 и 16) за 2024-2025 исто така се бележи благо уназадување на транспарентноста споредено со претходната година и брои 28. Најголем пад пак кај индексот на буџетска транспарентност за 2024-2025 година споредено со претходниот период, се бележи кај општините: Липково, Тетово, Берово и Јегуновце, чијшто индекс е намален за 11, 6, 6 и 5 индексни поени соодветно. Додека минатата година најголемиот пад на индексот на буџетска транспарентност броеше -8 поени оваа година брои -11 поени.
Конкретно за резултатите за индексите за државата се бележи пад во буџетската транспарентност, од 41 во 2019 година на 36 индексни поени во 2021 година и пад на 35 индексни поени за 2023 година. Падот на индексот се должи на ненавременото објавување на Фискалната стратегија (предбуџетска изјава) и на не-подготвувањето на Полугодишен извештај согласно меѓународните стандарди, а со последното мерење за 2023 и поради неуспехот да се подготви Граѓански буџет.
Информациите се согласно податоците од Центарот за анализи.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет