Олимписка пофалница освои средношколката Антонела Владева од Св. Николе – на европската олимпијада по информатика во Бон Германија

Олимписка пофалница освои средношколката Антонела Владева од Св. Николе на европската олимпијада по информатика во Бом Германија. Таа учествуваше со уште три ученички од држават Сара Стефановска од Крива Паланк која го освои бронзениот медал, Елена Трифуноска од Тетово и Јагода Панова од Струмица кои имаа солидно претставување . Оваа година натпреварот се одржува по петти пат, а до сега Македонија има осовено 1 сребрен и 7 бронзени медали.

Европската олимпијада по информатика за девојки е натпревар во програмирање, наменет само за ученички – средношколки од државите во Европа, кои се заинтересирани за изучување на компјутерските науки. Целта на истата е да го поттикне учеството и присуството на девојките во областа на информатиката, овозможувајќи простор каде што талентираните ученички можат да ги демонстрираат своите способности и да се натпреваруваат на меѓународна сцена. Оваа олимпијада има значајна улога во мотивирањето на повеќе девојки да се одлучат за кариера во компјутерските науки и слични области, каде што жените сè уште се малку застапени. Секоја земја има право да учествува со свој тим составен од најмногу четири натпреварувачки под 20-годишна возраст, избрани преку националните натпревари во програмирање, како и лидер и заменик лидер на тимот. На овогодинешната олимпијада учествуваат вкупно 138 учеснички од 38 европски држави, додека во неофицијална конкуренција учествуваат и 85 ученички од 22 држави надвор од Европа, меѓу кои Австралија, Канада, Египет, Индија, САД, Саудиска Арабија.

Следната, шеста по ред, Европска олимпијада по информатика за девојки, односно олимпијада 2026, ќе се одржи во Италија. Следен настан пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е централниот натпревар, односно Интернационалната олимпијада по информатик во Сукре, Боливија, која ќе се одржи од 27-ми јули до 3-ти август.

Иван Митев, М-Нет