Општина Штип ќе стипедира 13 ученика, а за четири следува и еднократна парична помош

Општина Штип ќе додели стипендии и награди односно еднократна парична помош на 13 ученици кои се наоѓаат на ранг листата. Ранг листата е изготвена според определени критериуми и правила поставени од страна на МОН. Учениците добитници се поделени во три групи според бројот на освоени бодови, а стипендија ќе добиваат во наредните 12 месеца. Еднократната парична помош пак е во висина од 30 илјади денари за првите четири ученика кои се наошаат на ранг листата.

„Првите тројца, да споменам само дека апоред одлуката и според ранг листата имаме 13 наградени, односно ученици кои освоиле стипендија во траење од 12 месеци. Првата група, а тоа се првите тројца ученици кои имаат и најмногу бодови добивата финасиски износ од три илјади денари кој ќе биде исплатуван секој месец до крајот на учебната 2023 година. Втората група се наредните тројца кандидати тие добиваат паричен износ од 2.500 денари и третата листа се седум ученици кои ќе добиваат по 2000 денари“ – кажа Николова.

Сумите кои ќе ги добијат учениците ќе се исплатат до крајот на оваа година за мецесите од септември до декември и последователно за останатите месеци наредната година. Учениците се навремено контактирани и известени.

Одлуката за стипендирање на учениците како и доделување на еднократна парична помош односно награда вчера едногласно помина на вонредна седница на Совет на Општина Штип, а поддршка дадоа и советнтниците од власта и советниците од опозицијата.

Лаура Стојанова М-Нет