Општина Штип: Срушениот со булдожер објект во Штип нема сопственик, општината ќе го расчистува теренот

По објавениот прилог утринава за оштетената куќа во Штип, во кој штипјанецот Џенгис Сефери тврдеше дека непознат сторител со булдожер го оштетил неговиот дом, со реакција се огласи и Општина Штип. Оттаму велат дека, како резултат на бројните прашања од страна на медиумите, веднаш испратиле неколку инспектори на лице место. По нивниот увид и врз основа на добиените документи од Агенцијата за катастар, од Општината велат дека е утврдено дека посочениот објект нема сопственик и дека лицето кое дава изјава пред медиумите воопшто не располага со документ за негово право на сопственост или користење. Од Општината информираат дека веднаш ќе пристапат кон чистење на наведената локација, за обезбедување пристапност низ улицата и расчистување на теренот, со цел граѓаните да немаат потешкотии во извршувањето на секојдневните обврски.

„Како резултат на бројни прашања од страна на медиумите во врска со вест за срушен објект на наш сограѓанин, а водејќи се од континуираната отчетност и транспарентност на Општина Штип, локалната самоуправа веднаш испрати неколку инспектори на лице место. После нивниот увид и на основа на добиените документи од Агенција за катастар, се утврди дека посочениот објект нема сопственик и лицето кое дава изјава пред медиумите, воопшто не располага со документ за негово право на сопственост или користење. Општината веднаш ќе пристапи кон чистење на наведената локација, за обезбедување пристапност низ улицата и расчистување на теренот, со цел граѓаните да немаат потешкотии во извршувањето на секојдневните обврски.“, информираат од општината

Иван Митев, М-Нет