
Општината штедела, ама и граѓаните побрзале да си го платат данокот на имот. Дали со плод вродила присилната наплата или причината е друга, за оваа ставка приходите се дури 118% од планираното. Извештајот за реализацијата на штипскиот општински буџет до месец септември покажува повеќе приходи отколку расходи, па приходите на вкупниот буџет се 67,5% од планираното.
„Што се однесува до приходите на Општината, остварувањето на приходите на вкупниот буџет за третиот квартал е во износ од 746.620.704 или околу 67,5% од планираното. Додека, пак, основниот буџет е остварен во износ од 328.229.871 денари или пресметано во проценти 82,5% од планираниот. Во структурата на остварени приходи, даночните приходи се остварени во износ од 87% од планираното, најголемо остварување има кај даноците на имот или 118% од планираното, а најмал износ кај даноците на специфични услуги со 70% од планираното. Неданочните приходи се остварени со 40% од планираното
Најмногу расходи, пак, дури 86% од планираното има поткатегоријата поправки и тековно одржување. За плати и надоместоци Општината потрошила нешто помалку од 59.000.000 денари, а речиси исто толку, 59.000.000 денари се капитални расходи.
„Што се однесува до расходите на Општината, реализираните расходи на вкупниот буџет се во износ од 610.799.606 денари или 55% од планираното. Реализираните расходи на основниот буџет, пак, се остварени во износ од 55% од планираното. По категории структурата на реализирани расходи е следната: категоријата плати и надоместоци се реализирани во износ од 58.235.712 денари или 68% од планираното, во категоријата, во категоријата резерви и недефинирани расходи немаме реализација заклучно со третиот квартал, категоријата стоки и услуги се реализирани во износ од 60% од планираното и може да се увиде дека најголем процент има во поткатегоријата поправки и тековно одржување со 86% од планираното“
Категоријата каматни плаќања има реализација од 25% од планираното, категоријата отплата на главница 50% од планираното, заради полугодишната исплата на кредитот. Капиталните расходи се во реализација од 42% од планираното, а најголем износ има кај поткатегоријата други градежни објекти.
Ребека Спасова М-Нет