Општина Штип и годинава ќе доделува стипендии и еднократна парична помош за ученици

Ученици кои постигнале особени достигнувања на државни и меѓународни натпревари имаат можност да аплицираат за ученички стипендии и еднократни парични награди. Општина Штип трета година по ред распишува Јавен повик за доделување на ученички стипендии и еднократни парични награди на ученици кои постигнале особени достигнувања на државни и меѓународни натпревари.

Право на учество на јавниот повик имаат сите редовни ученици од основното и средното образование, или лица кои завршиле средно образование пред не повеќе од една учебна година и освоиле најмалку прва, втора или трета награда на државно ниво, натпреварувајќи се во претходната учебна година низ организираниот систем на натпревари (општински, регионални и државен) по некој наставен предмет.

„ Учениците за да аплицираат на повикот треба да исполнуваат и неколку општи услови, однонсо да се жители на Општина Штип; да се редовни ученици во некое од основните или средните училиште во државата (освен за лицата кои претходната учебна година го завршиле средното образование). Јавниот повик се однесува на два вида наградување:

-Стипендија која е во траење од 12 месеци и

-Еднократна парична награда во износ од 30.000 денари“ – стои во соопштението од општината.

Предвидениот фонд за исплата е во износ од 600.000 денари од кои 420.000 наменети за стипендии а 180.000 за еднократни парични награди. Стипендиите по својот износ се поделени во 3 категории и тоа: прва категорија во износ од 3000 денари, втора категорија во износ од 2500 денари и трета категорија во износ од 2000 денари. Пријавите можат да бидат доставени електронски на меил адреса: или во писмена форма на следната адреса: ул.Васил Главинов“ бр.4 б Штип со назнака : За доделување награди и стипендии.

Краен рок за поднесување на пријавите е 01 ноември 2024 година.

Лаура Стојанова М-Нет