Општина Илинден: Реконструирано мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино

Општина Илинден информира дека целосно се реконструираат спортските терени во рамки на мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино, со што жителите, како што нагласуваат од таму, добија современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот истакна дека во рамки на проектот се реконструирани фудбалскиот и кошаркарскиот терен, а реализирани се и низа дополнителни активности за уредување и заштита на целиот спортско-рекреативен простор.

Фудбалскиот терен е целосно обновен на површина од 924 м2, поставена е нова вештачка трева, два нови гола и заштитна мрежа зад головите, со што се создадени значително подобри услови за игра, тренинг и рекреативни активности.

Целосна реконструкција е извршена и на кошаркарскиот терен, кој се протега на површина од 436 м2, каде се поставени нови ПП пластични плочки, а заменети се и двете кошаркарски табли и двата обрачи.

Во рамки на уредувањето на спортскиот комплекс, поставена е и нова пластифицирана заштитна мрежа и нова панелна 2Д заштитна мрежа на површина од 132 м2.

„Со реализацијата на овој проект, Марино доби целосно обновен спортско-рекреативен простор со современи услови за фудбал и кошарка, наменет за активностите и потребите на сите генерации“.

Текстот Општина Илинден: Реконструирано мултинаменското спортско игралиште во н.м Марино е превземен од МАКФАКС.