
Партијата на СДСМ денеска го одбележува својот 31 роденден. По тој повод писмена честитка испратија од ОО на СДСМ Штип, во која стои дека да се биде дел од оваа партија значи да се биде дел од едно големо семејство, во кое постигантите цели се резултат на макотрпна работа и посветеност.
„Да се биде дел од СДСМ значи да се биде дел од едно големо семејство посветено на макотрпна работа за државата и граѓаните.
31 година исполнета со многу труд, искрена посветеност и почитување на вистински вредности кои резултираа денес да имаме модерна, независна и меѓународно признаена држава.
Нека ни е честит 31от роденден!
За сигурна иднина, продолжуваме да работиме посветено, одговорно и во интерес на сите сегашни и идни генерации.
Да градиме заедништво и да обединуваме.“ – стоеше во честитката од партија на ниво на Штип.
Активности на локално ниво за одбележеување на 31 роденден нема да има, бидејќи веќе е закажана централна манифестација, истакна претседателото на ОО на СДСМ Штип, Јане Миланов.
Лаура Стојанова М-Нет