
Околу 95 проценти од тутунот во Општина Карбинци е веќе откупен и нема потреба од отворање на дежурен пункт. Засега дополнителни пунктови има во радовишко Конче и Подареш, со што се очекуваат да се откупат дополнително уште 50 тони. Како што соопштуваат од Сојузот на тутунарски здруженија, штипскиот регион е при крај, а оние кои што се уште имаат заостанат тутун, ќе треба навреме да се пријават.
,,Во Општината Карбинци по мој сознанија од моите повереници 95 посто од тутунот е откупен, така да, дали има или нема незнам сигурно, но ако има се уште ќе се направи список со откупувачите и ќе може тогаш да се отвори дежурен пункт, мегутоа моите сознанија се дека таму е речиси откупен тутунот. Има во делот на истокот во Ново Село, Доброшинци, Конче, Подареш, тие се отворени пунктови за да го соберат сиот тутун што е заостанат во источниот дел од Македонија.“, рече Ристески
Досега се откупени околу 26 милиони тутун, вели Ристески, а до крајот на февруари се очекува да се докупи уште 50 тони тутун. Тој годината ја отценува како задоволителна.
Инаку, откупот на тутунот се одвиваше под цена од 420 денари за прва класа, а имаше и втора и трета, се во зависност од квалитетот. Тутунопроизводителите за крај велат дека од есен ќе бараат повисока откупна цена.
Иван Митев, М-Нет